март 12, 2020

Скопје, 12. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Девет пациенти во моментов се на Клиниката за инфективни болести. Од нив 6 се во стабилна состојба, а кај тројца има лесно влошување на состојбата и потребна им е респираторна поддршка. Ова се повозрасни пациенти над 65 годнии.

– Утрово е јавен еден пациент кој на 7-ми март дошол од Германија. Се очекуваат резултатите и наскоро ќе биде известена јавноста за истите, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека во разговори со одговорни лица од Италија дознале дека дури по воведувањето ригрозни мерки нема нови случаи.

– Предлагаме до Владата нови мерки за забрана на сите јавни и приватни собири без разлика на бројката на учесници, кафитериите и рестораните до 18:00 часот, и тоа со преполовен капацитет, за да има дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу гостите. Сите киносали, театри, обложувачници и казина да затворат. Сите хронични пациенти за интервенција да се одложат освен итните, напомена Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука