февруари 28, 2015

Алмериа, 28. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Поради долгот што клубот Алмериа го имал кон данскиот тим Алборг ,ФИФА го казни шпанскиот прволигаш со одземање три бода во шампионат на Примера.Се работи за долг од 60.000 евра, кои Алмерија требала да ги плати на Алборг како отштета при трансферот на фудбалерот Јакобсен.

Управата на Алмерија смета дека и оваа сума е платена во целокупната отштета за играчот, но од  ФИФА не сметаат така.

Шпанскиот клуб  упатил жалба до судот за спортска арбитража, а доколку и бидат одземени три бода тоа за екипата може да значи и преселба во Сегунда дивизија.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука