февруари 26, 2015

Цирих, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Светската фудбалска федерација соопшти дека нема намера да им исплати компензација на европските клубови поради тоа што СП во 2022 година во Катар ќе биде одржано во ноември и декември.

Асоцијацијата на европските клубови, чии членки се највлијателните клубови од Англија, Германија, Шпанија побараа  компензација од ФИФА,поради новиот календар на мундијалот.

ФИФА предложи СП во Катар да се одржи на зима поради екстремно високите температири кои во оваа земја владеат во текот на летниот период.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука