февруари 27, 2015

Ротердам, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – На ФК Феенорд му следува драстична казна од УЕФА откако по нередите кои ги предизвикаа неговите навивачи во Рим, синоќа повторно дивеаа во Ротердам на домашен терен.

Феенорд беше поразен од Рома со 2-1, но натпревсарот беше прекинуван неколку пати поради расистичките испади на домашните фанови кои на теренот фрлаа запалки, мобилни телефони, чадори и други предмети.

Навивачите најмногу реагираа откакао Феенорд остана без двајца играчи 54-та и 57-та минута и на трибините пуштија балон во вид на банана. Домашните фанови продолжија со дивеењето и после натпреварот по улиците на Ротердам.

Во медиумите се шпекулира и со можно исфрлање на Феенорд од европските натпреварувања на неколку години. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука