февруари 25, 2015

Лондон, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Додавањето на тежината и депресијата, предизвикани од хипофункцијата на тироидната жлезда, имаат врска со големите количини на флуор во водата за пиење, тврдат научниците.

Студија покажува дека флуорирана вода над дозволеното ниво, е поврзана со 30% почести случаи на намалена функција на тироидната жлезда.

Откритието ги натера научниците да бараат ревизија на политиката за јавното здравство, која во моментов промовира флуорирана вода, за да се заштити забната хигиена кај населението.

Флуорот е минерал кој се содржи во водата и во некои храна, како чајот и рибата. Главната придобивка од него е намалувањето на ризикот од кариес.

Но, научниците на Универзитетот во Кент предупредуваат дека флуорот можеби е виновен за хипофункцијата на тироидната жлезда. (Крај)

извор: БГНЕС фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука