Фотографии на охриѓанката Натали Башоски на изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Охрид/Скопје, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Музејот на современата уметност  во Скопје беше отворена изложбата на фотографии „Making it New“ на охриѓанката Натали Башоски и тетовчанецот Ханис Багашов.

Овој проект претставува едукативна, дискурзивна и изложбена програма која низ низа активности ќе ги препознае младите автори и потенцијални уметници, ќе им овозможи да стекнат соодветно знаење, ќе ги инволвира во процес кој ќе ја профилира нивната работа, професионално ќе ги дефинира и ќе им помогне во нивното натамошно ангажирање и претставување пред јавноста. Програмата, освен што ќе им овозможи да бидат препознаени, како и да работат во не академска средина, истовремено ќе ги претстави нивните дела соочувајќи ги со професионалната уметничка критика и пошироката публика, информираат од Музејот на современата уметност.

izlozbanatalibasoski

izlozbanatali2

Љубителите на уметноста оваа фото изложба ќе може да ја погледнат до 27-ми декември.

Инаку, младата и талентирана уметничка Натали Башоски има холандско – македонско потекло. Родена е во Холандија, а кога има 7 години доаѓа во Охрид, поточно во Пештани, од каде е нејзиниот татко. На 19-годишна возраст се сели во Њујорк, каде моментално студира филмска режија. Паралелно се занимава и со фотографија, а интересот потекнал токму од Пештани.

Натали е автор на неколку кратки филмови, три камерни изложби, како и самостојната изложба во Galery MC во Њујорк.

Во 2015 година, во Охрид, Натали Башоски ја имаше својата прва самостојна изложба на фотграфии инспирани од престојот во Њујорк. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: fb

scroll to top