ноември 22, 2019

Скопје, 22. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Францускиот магазин АД, посветен на декорацијата, уметноста, архитектурата и начинот на живеење, на своите читатели им препорачува пет дестинации за одмор во 2020 година, меѓу нив и Охрид во Република Македонија, јави МИА.

Охрид е втората дестинација на магазинот АД, покрај карипскиот остров Аруба, планината Барилоче во Патагонија, Ванкувер во Канада и Котор во Црна Гора.

АД објаснува дека Република Македонија е мала држава во југоисточна Европа на Балканскиот Полуостров, која доби ново име по децениите на политичка дебата со соседна Грција.

Причините поради кои АД советува да се замине на одмор за Република Македонија се бидејќи таа е позната по својата гастрономија, по вековните традиции и својата природа. Охрид е ставен под заштита на УНЕСКО и тоа е само уште една причина повеќе за да се посети. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука