мај 15, 2023

Скопје/Охрид, 15. маj 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од Еколошко здружение на граѓани Фронт 21/42 излегоа со реакција по однос на објавената јавна анкета и јавна презентација за предлог ДУП во УЗ 16 дел од УБ 16.1 – Опфат 3, КО Велестово, Охрид 2017-2022 година.

Станува збор за дел кој е во рамки на Националниот парк „Галичица“, а со која се отвара простор за нови градби (куќи, инфраструктура…), односно понатамошна урбанизација.

– Ја потсетуваме Општина Охрид на последната Одлука на Постојниот Комитет на Бернската Конвенција од декември 2022 година во која се бара од македонските власти „да ги стопираат сите активности за понатамошна урбанизација и/или други градежни активности (вклучувајќи ги и административните процедури за истите) и легализации на нелегални градби, во или околу кандидат Емералд подрачјата Охридско Езеро и Галичица, сè додека не се реализира мисијата и не се усвојат препораките од истата, потенцираат од Фронт 21/42. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука