Лондон, 9. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во календарот на Формула 1 вратени се трките за ГН на Франција и Германија, а отстранета е трката која се возеше за ГН на Малезија.
Трката за ГН на Франција се враќа по десет години и ќе се вози на стазата „Пол Рикер“ во Кастелеу. Трката за ГН на Германија, пак, исфрлена беше оваа сезона поради слаба посетеност и големи трошоци, но истата се враќа и ќе се вози на 22 јули на „Хокејхајм“.
Новата сезона ќе стартува со трката за ГН на Австралија во Мелбурн која е закажана на 25 март. Тронот во Ф1 ќе го брани британскиот возач Луис Хамилтон. (Крај)
извор: Гол.мк фото: архива