февруари 2, 2015

Берлин, 2. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) –  Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, планира да прекине мисијата на меѓународните кредитори – „Тројката“, која го изработи спасувачкиот план за Грција, пишува германскиот весник„Ханделсблат“.

– Многу брзо треба да се најде алтернатива, вели извор за весникот.

Според владини извори властите во Берлин, исто така се подготвени за реформи во договорите меѓу Грција и „Тројката”, во која влегуваат ЕК, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Изданието сепак нагласува дека тоа би било можно само ако Атина се придржува кон спроведувањето на веќе постигнатите договори.

Новата влада на премиерот Алексис Ципрас прогласи раскинување на договорите со „Тројката”, со цел намалување на долгот.

Во среда ќе се одржи и првата средба меѓу Ципрас и Јункер во Брисел. (Крај)

извор: АФП фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука