март 15, 2017

Амстердам, 15. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Парламентарни избори во Холандија, гласачките места отворени од утринава.

Скоро 13 милиони граѓани со право на глас ќе го изберат новиот состав на парламентот. 1.114 кандидати кои се борат за 150 пратенички места.

Главната борба ќе се води меѓу Либералната Народна партија за слобода и демократија на премиерот Март Руте и партијата за слобода на екстремниот десничар Герт Вилдерс.
Доколку стане премиер, ќе се залага за затворање на џамиите, забрана за продажба на Куранот и затворање на границите за муслиманските мигранти.

Според Руте, Вилдерс  ја втурнал земјата во политичка криза и реле дека никогаш нема да соработува со неговата партија и воедно се заложи за решавање на кризата со Турција.

Последните спроведени анкети говорат дека партијата на Руте може да освои меѓу 23 и 27 од 150 пратенички места, а антиимиграциската партија на Вилдерс би можела да смета на максимум 23 пратеници.

Владејачкото мнозинство  би можело да биде составено од дури пет партии, а формирањето на владата би траело подогло од три месеци.

Официјалните резултати од изборите треба да бидат објавени на 21 март, нов холандски парламент може да се формира два дена подоцна.

извор: МИА  фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука