февруари 6, 2015

Скопје, 06. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Хонорарците денес ќе протестираат пред Министерството за труд и социјална политика.

Хонорарците веќе испратија реакција во врска со исплатата на хонорарите и поднесување на пресметки на придонеси за договори за дело и авторски договори.

– Да одиме во МТСП и да си ги побараме одговорите што ни ги должат! Цел јануари многумина од нас не добија хонорар, АЈДЕ ДА ПРАШАМЕ! На некои им прекина авторскиот договор АЈДЕ ДА ПРАШАМЕ! Не не прашуваа кога решаваа во лето да сменат 5 закони, ајде сега НИЕ да ги ПРАШАМЕ!, апелираат хонорарците на излезеност на протестот.

Секој хонорарец поднесува барање за информација од јавен карактер до министерството по што им се придружува на останатите кои стојат пред министерството. Поднесувањето барања се планира да трае два часа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука