јули 2, 2017

Струга/Охрид, 2. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Главни проблеми на хотелиерите во охридско-струшкиот регион се нелојалната конкуренција, туристичките агенции на црно, субвенциите, лошата инфраструктура и хаосот во такси превозот, на ова меѓу другото се осврнаа хотелиерите на средбата со минситерот за економија, Крешник Бектеши.

Во поглед на нелојалната конкуренција, бараат засилени инспекциии кои би ги казнувале човек-агенциите кои нудат сомнителни аранжмани.

– Тие екскурзии и услуги се даваат на нападен начин на странските туристи каде што веќе имаме реакции од истите и би побарале координативна акција на инспекциските служби во таа насока, меѓутоа и активна вклученост на МВР во спречување на овие девијантни појави“, рече Асим Меџедовиќ, член на Хотам.

Незадоволство кај хотелиерите има и со такси превозот, а себара и намалување на ДДВ-то кај храната и пијалаците од 18% на 5%.

– Подобрувања во таа насока, подобрувања во насока на инфраструктура, краткорочно работење, отворање на бродски линии во езерата на Македонија со кои би се придонело на полесен транспорт“, истакна  Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Министерот Бектеши вети дека владата ќе ги разгледа нивните барања и ќе излезе во пресрет за брза реализација.

– Ние овие мерки ќе ги анализираме, ќе ги продискутираме во владата и верувам дека ќе најдеме заедничко решение за да ги исполниме сите овие мерки што се предлагаат“, изјави Крешник Бектеши, министер на економија.

Преку средување на овие состојби, тие сметаат дека ќе се обезбеди подобра клима за туристите, не само во охридско-струшкиот регион, туку и во земјава. (Крај)

извор: Макфакс   фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука