јануари 24, 2015

Охрид, 24. јануари 2015 (ИНПРЕС) – Во чест на роденденот на најголемата музичка ѕвезда на Република Македонија, Тоше Проески, 25-ти јануари, еден ден порано, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, вечерва ќе се одржи голем хуманитарен концерт.

Запазувајќи го делото на Тоше Проески, средствата собрани на концертот ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со пречки „Зраци“ од Охрид.

На концертот посетителите ќе се потсетат на големото хумано дело на Тоше Проески, неговите најголеми хитови, а ќе донираат средства, секој во своите можности.

Почетокот на настанот е 20:00 часот, а влезот е 100 денари. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука