Охрид, 15. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на новогодишните празници, СОСУ „Св. Кирил и Методиј” од Охрид организира хуманитарен новогодишен базар.
– На базарот ќе бидат изложени рачни изработки од нашите ученици: слатки задоволства, украси, честитки, накит итн, а Вие ќе имате можност да си купите од понудените производи и на тој начин да учествувате во хуманитарниот настан. Вашето малку, некому значи многу, велат од училиштето.
Собраните средства ќе бидат донирани во инклузивната игротека „Радост“.
Хуманитарниот новогодишен базар ќе се одржи во четврток, на 28-ми декември 2023 година во дворот на училиштето со почеток во 18:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 1