февруари 4, 2015

Штип, 04. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, 7-ми февруари во Домот на млади во Штип ќе се одржи хуманитарна забава, на која музика ќе пуштаа македонски дј-и.

Средствата кои ќе бидат собрани на забавата од влезниците и од донациите на посетителите, ќе бидат донирани за помош на болно дете. Станува збор за Иван Стојанов, кој треба да се лекува во Кина.

Настанот го организира Здружението „ЦИВИТАС“.

– Хуманитарниот настан е со цел секој млад човек да ја покаже својата хуманост на еден поинаков начин, велат од здружението.

За музиката ќе бидат задолжени квалитетни и докажани македонски дј-и: Балоски – Скопје, Ненад Омен и Нино Манчини од Штип и Марјан од Струмица. Забавата е со почеток во 21 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука