март 9, 2020

Рим, 9. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва на вонредна прес конференција соопшти дека цела Италија од вечерва ќе биде ставена во карантин, односно мерките што важеа за северна Италија, од сега важат за цела Италија.

Со мерките се забрануваат сите јавни настани, се затвораат кината, театрите, теретаните, дискотеките и кафулињата. Се забрануваат и свадбите, погребите и сите спортски настани, вклучувајќи ги натпреварите од Серија А. Сите училишта и универзитети ќе останат затворени до 3-ти април.

Конте изјави дека „Иднината е во наши раце и секој треба да го направи својот дел“. (Крај)

извор: Фокус фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука