октомври 10, 2017

Подгорица, 10. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во Црна Гора има 48 милионери, а најбогатиот од нив има речиси 40 милиони евра на сметки во банките во земјата, соопшти Централната банка на Црна Гора.

Според податоците, најголемиот единичен депозит во една од банките, е 38,5 милиони евра. Тоа е за 10 милиони евра помал од најголемиот депозит на претпријатие во земјата, кој изнесува 47,2 милиони евра.

Месецов, во Црна Гора има шест милионери помалку во споредба со февруари годинава, но најбогатиот човек се збогатил три пати – од 13,7 на 38,5 милиони евра.

Црногорските закони не дозволуваат да се објавуваат имиња и лични податоци на сопствениците на сметките. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука