август 27, 2024

Скопје/Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денешниот ден, 27-ми август 2024 година, до 14:00 часот има вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои активни се 3, под контрола е 1 и изгаснати се 3, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во регионот на Охрид, ставен е под контрола пожарот на планината „Галичица“, кај м.в. „Зли Дол“, каде се интервенираше со 2 лица вработени во Националниот парк и 5 членови на Планинарска спасувачка. Пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот, додаваат од ЦУК. (Крај)

извор: ЦУК фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука