август 27, 2024

Скопје/Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, 26-ти август 2024 година, регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои се активни 2, под контрола се 2 и изгаснати се 21, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Во Општина Охрид, на планината Галичица регистрирано е чадење на две места, кај местото викано „Зли Дол“. Интервенирано е со 4 лица вработени во Националниот парк и 6 членови на планинарската служба. На овој потег тлеат трупци од претходниот пожар, а пожарот на ресенска страна е изгаснат од дождот, додаваат од ЦУК.

Според истиот извор, изгаснати се пожарите на Плаќенска планина, на потегот над селото Вирово каде гореше ниска вегетација и сува трева, како и пожарите во Општина Струга кај селото Враништа и од Октиси кон Долна Белица, каде, во двата случаи гореше сува трева. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука