јануари 4, 2017

Фиренца, 4. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Чезаре Прандели кој пред неколку дена ја напушти Валенсија, би можел повторно да седне на столчето на Фиорентина, пренесува „Тутоспорт“.

Моменталниот тренер на „виолетовите“ Пауло Суса ќе си оди од тимот од Фиренца, а како негов наследник се споменува токму Прандели.

Чезаре ја предводеше Фиорентина од 2005 до 2010 година кога екипата играше одлично, и на 241 натпревари клубот со  Прандели победи 119 мечеви, 54 пати одигра нерешено и претрпе 68 порази. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука