март 2, 2015

Лондон, 1. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Челзи во финалето од Англискиот Лига куп го победија Тотенхем со 2-0 и по петти пат го освоија трофејот во ова натпреварување.

Челзи до триумфот стигна со головите на Џон Тери во 45. и Диего Коста во 56.минута од мечот.

За екипата на Челзи ова е трета титула во Лига купот, под водство на Жозе Мурињо, претходните две беа освоени во сезоните 2004/2005 и 2006/2007.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука