октомври 29, 2019

Охрид, 29. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на наставната програма по мајчин – македонски јазик денеска во посетата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ беа ученици од  четврто одделение ОУ „Христо Узунов“од Охрид.

Учениците беа придружувани од нивните одделенски наставнички: Катерина Златева, Наташа Ѓорѓиоска, Маја Јосифоска, Васка Палоска и Наташа Талеска.

Со процесот на работа на библиотеката од зачленување преку позјамувањето книги , па до читалната во која се одржуваат средби и промоции со авторите на книги, малите гостинчиња ги запознаа колегите Бети Лазеска- Симоноска и Никола Ристовски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука