февруари 20, 2017

Охрид, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Активистите на неформалната оргнизација „Чист Охрид“ продолжуваат со еколошките акции.

Кај населбата Рамне, волонтерите собраа најразличен отпад: голем број пластични шишиња, делови од WC школки, искршени пластични столици, стаклени тегли, градежен шут, најлонски ќеси, како и еден двосед.

– Најлошо од сè е што беа пронајдени голем број употребени шприцови и игли, од кои еден дел беа надвор од пакувањето и исклучително небезбедни за собирање, како и голем број употребени презервативи. Главната причина за ова, освен недостигот на свест кај граѓаните, секако е и зафрленоста на локацијата, која очигледно се користи како депонија, велат од „Чист Охрид“.

cistohridramne1

Нивните волонтери собраа неколку вреќи ѓубре, но поради огромната количина отпад, неформалната организација ќе оперира на оваа локација подолг период со цел отпадот да биде отстранет.

Медицинскиот отпад е соодветно складиран во контејнер за медицински отпад.

– Апелираме до надлежните да ги ангажираат сите достапни капацитети за отпадот на оваа локација да биде целосно отстранет. За убав и чист Охрид!, порачуваат од „Чист Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: „Чист Охрид“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука