февруари 22, 2017

Охрид, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Како што најавија активистите од неформалната организација „Чист Охрид“, спроведоа уште една акција за чистење на патот кон Рамне.

Со тоа тие ја одбележаа нивната јубилејна 20. акција. Беа собрани 15 вреќи отпад и голем број различни предмети, за кои младите еколози, велат дека не можеле да се сместат во вреќи, помеѓу кои и двоседот кој го посочија при нивната мината акција, спроведена во неделата.

– Би сакале да истакнеме дека повторно беа најдени игли и шприцови. Нашите активности на оваа површина и натаму ќе продолжат затоа што на локацијата сѐ уште има отпад.Повторно апелираме до надлежните да ги вршат своите задолженија за заштита на Галичица и Охрид.

Се гледаме повторно за неколку дена, истакнуваат од „Чист Охрид“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Чист Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука