февруари 4, 2015

Њујорк, 04. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Тешка сообраќајна несреќа се случи во Њујорк, при што воз удрил автомобил на железнички премин во северно предградие, каде животот го изгубија шест лица, а најмалку 12 се повредени.

Судирот предизвика пожар во возот и автомобилите. Возот удрил џип на крстосница во областа Валхала. Загинала жената, која го управувала џипот, како и петмина патници во возот.

Автомобилот и предниот дел на возот се запалиле, а патниците биле преместени во задните вагони. Во возот имало околу 750 луѓе и многу од нив биле во неможност да излезат. (Крај)

извор: ОхридПрес/NY Post фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука