февруари 6, 2020

Единбург, 6. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Шкотскиот министер за финансии Дерек Мекеј (42) поднесе оставка откако еден весник објавил дека му испратил непристојни пораки на 16-годишно момче.

Мекеј наводно му испратил на момчето над 300 пораки на Инстаграм, велејќи му дека е „слатко“ и го поканил на вечера.

Откако јавно му се извини на момчето и на неговото семејство, Мекеј поднесе оставка на денот кога требаше да го претстави годишниот буџет на шкотската Влада. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука