Шок во Германија: Играч од Бундес лигата осомничен за шверц на кокаин

Хамбург, 22. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометар на екипата на Минден од Германија е осомничен за вмешаност во шверц на повеќе од 240 килограми кокаин од Јужна Америка во Германија.

Според информациите кои ги пренесува весникот „Вестфален-Блат“, играчот ги резервирал летовите и ги плаќал билетите, а учествувал со суми со петцифрени износи.

Се работи за Црногорецот Александар Свитлица, кој беше уапсен во текот на минатиот месец, а после испрашувањето во полиција беше ослободен и продолжи да настапува за својот клуб во Бундес лигата.

Сега случајот е одново отворен со оглед на тоа што полицијата има нови шест уапсени лица од кои пет се веќе в притвор. Се работи за кокаин кој е со вредност од над 60 милиони евра, па останува да се види дали ќе има ново распрашување на Свитлица или конечно ќе добие ослободување од обвиненијата.

Инаку, полицијата ја следела трагата бидејќи имала информација за транспорт на 240 килограми кокаин. Од нив успеала да заплени 40 килограми и тоа во Хамбург, а другите 200 килорами биле упатени кон Бременхафен. (Крај)

извор: 24ракомет фото: архива

scroll to top