Њујорк,4. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Коњаницата” ја прекина серијата од четири порази, Леброн Џејмс со 57 поени го предводеше Кливленд до победа од 122-130 на гостувањето кај Вашингтон.
Кралот Џејмс стапи на сцена кога најмногу требаше, Кливленд влезе во резултатска криза и загуби на четири натпревари во серија, па Леброн превзеде се во свои раце на гостувањето кај Вашингтон.
Првиот човек на „Коњаницата“, со 57 поени го предводеше својот тим до победа од 122-130 над „Волшебниците“. Леброн Џејмс исто така ја помина и границата од 29.000 поени во кариерата, и со 32 години, тој стана најмладиот на кого ова му успеало.
Тој исто така стана само вториот кошарка кој на 800 последователни натпревари од регуларната сезона успеа да стигне до двоцифрен број на поени. Прв на оваа листа е Мајкл Џордан, кој има 866 натпревари во низа.
НБА резултати:
Детроит – Милвоки 105:96
Орландо – Чикаго 83:105
Филаделфија – Индијана 121:110
Вашингтон – Кливленд 122:130
Атланта – Хјустон 104:119
Њујорк – Феникс 120:107
Далас – Њу Орлеанс 94:99
Сан Антонио – Шарлот 108:101
Денвер – Мајами 95:94
Јута – Торонто 100:109
Оклахома – Бостон 94:101
ЛА Лејкерс – Бруклин 124:112. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива