Штрајкуваат работници кои работат на изградба на автопатот Кичево-Охрид

Охрид, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Околу стотина работници од компанијата „Трансмет“ кои работат на изградба на автопатот Кичево-Охрид денеска протестираа поради неисплатени три плати и придонеси за пензиско и здравствено осигурување. Тие го блокираа патот кон селото Извор.

Работиците тврдат дека платите им доцнат од септември, а вчера разговарале и со претставници на компанијата кои им рекле „дека немаат пари и дека не можат да го наплатат долгот од државата“.

Од фирмата уверуваат дека до крајот на оваа недела ќе бидат исплатени две од заостанатите три плати и оти работите на автопатот ќе продолжат.

Работниците за утре најавуваат дека кај селото Извор ќе го блокираат локалното седиште на кинеската компанија Синехидро која е главен изведувач на работите. (Крај)

извор: Либертас фото: архива

scroll to top