Доха, 30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Некогашниот најдобар тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, повторно ја разочара својата публика, откако беше приморан да го откаже настапот и на првиот АТП турнир во следната година во Доха.
Србинот сè уште има проблеми со повредениот лакт и поради тоа не го одигра ниту вчерашниот меч во Абу Даби.
„За жал ситуацијата со лактот не се подобри. Сè уште чувствувам болки. Поради тоа сум приморан да го откажам настапот во Доха. Сакам да им се извинам на фановите, но здравјето мора секогаш да биде пред желбата“, изјавил Ноле.
Натпреварите во Доха започнуваат на 1 јануари, а овој турнир е прогласен за најпрестижен во серијата 250. Минатата сезона победник беше токму Ѓоковиќ, откако во финалето го доби Енди Мареј. (Kрај)
извор: Гол.мк фото: архива