ноември 7, 2023

Охрид, 7. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави јавен увид за спроведување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градежна парцела ГП1 со намена А4.1 – Згради за времено сместување со апартмани и студија, КО Елшани, Општина Охрид.

Член 1

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека се организра Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градежна парцела ГП1 со намена А4.1 – Згради за времено сместување со апартмани и студија, КО Елшани, Општина Охрид, со 88/2021 изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-Пума“ ДОО Скопје.

Член 2

Проектниот опфат на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градежна парцела ГП1 со намена А4.1 – Згради за времено сместување со апартмани и студија, КО Елшани, Општина Охрид е опфатен во рамките на урбаниот опфат на Услови за планирање на просторот, тех.бр. Y37521i. од Агенција за планирање на просторот, Решение за Услови за планирање на просторот, арх.бр. УП1- 15-924/2022 од 19.05.2022 година од Министерство за животна средина и просторно планирање – Сектор за просторно планирање. Површината на проектниот опфат изнесува 0.1878 ха.

Јавен увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градежна парцела ГП1 со намена А4.1 – Згради за времено сместување со апартмани и студија, КО Елшани, Општина Охрид, со 88/2021 изработен од Институт за урбанизам, сообраќај и екологија „ИН-Пума“ ДОО Скопје, надлежниот орган во електронска форма го става на увид на јавноста со објавување на службената веб страна на Општина Охрид  и на официјалната страна од е-урбанизам за да може да се доставуваат евентуални забелешки, секој работен ден од 08.30 до 13.30 во просториите на Општина Охрид, Сектор за урбанизам од 07.11.2023 до 21.11.2023 година.

Повеќе информации ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука