февруари 23, 2022

Охрид, 23. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС0 – Денеска во големата сала на Општина Охрид се одржа Јавна расправа за Нацрт на Закон за прогласување на Студенчишко Блато за парк на природата.

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е во завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција.

May be an image of 3 people, people sitting, people standing and indoor

Согласно Решението за привремена заштита на Студенчишко Блато, за времетраењето на привремената заштита на подрачјето нема да се спроведуваат активности од постоечкиот ГУП на градот Охрид во делот на Урбана Заедница – УЗ 17, Урбан блок – У.Б 17.1, како и изработка и донесување на урбанистички планови и урбанистички проекти, урбанистички проекти за партерно уредување на просторот, спроведување на постапкa за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, спроведување на постапка за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште, одлагање на шут и комунален отпад, употреба на хемиски заштитни средства и минерални ѓубрива за земјоделски активности, доделување на нови или продолжување на постоечките концесии согласно прописите за концесии и јавно приватно партнерство, прописите заградежно земјиште, како и прописите од областа на лов и риболов и проширување или изградба на нови патишта.

May be an image of 3 people and people standing

– Откако станав градоначалник на Охрид и откако детално ја разгледав проблематиката со Студенчишкото Блато имав средба со сопствениците на земјиштето кое се наоѓа околу просторот за кој денес дебатираме, а кој со закон ќе се прогласува за парк на природата. Заеднички разгледавме какво е зонирањето и што тоа точно предвидува и какви се последиците. Во меѓувреме присуствував на работни средби во Министерството за животна средина и просторно планирање и таму ја покренав иницијативата за оваа средба затоа што сфатив дека има многу нејаснотии помеѓу ставовите на сопствениците на земјиштето од една и оние кои го предлагаат законското решение од друга страна. На оваа и претходеа и други средби кои јас ги иницирав , со цел на двете страни да им биде јасно како стојат работите. Факт е дека Студенчишкото Блато мора да ја добие онаа форма на заштита што ја заслужува не само поради препораките на УНЕСКО туку затоа што има одреден редок растителен жив свет во блатото кој мора да го чуваме. Токму затоа е и зонирањето на прва, втора и трета зона, порача на денешната расправа Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.

Тој додаде дека и понатаму ќе стои на располагање за комуникација меѓу двете засегнати страни.

– Само со комуникација и добро објаснување на работите може да се дојде до квалитетни решенија, потенцираше Пецаков. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука