ноември 16, 2021

Охрид, 16. ноември 2021 (ОХРИДПРЕС) – За утре во голамата сала на општина Охрид е закажана јавна трибина на тема „Активностите во образованието, детската и социјалната заштита предизвик на општина Охрид во 2022 година“. 

– Во рамки на општина Охрид интензивно се одвива процесот на изработка на предлог програмите за работа во 2022 година и новиот буџет за работа па затоа е вистинско време кога треба преставниците на: граѓанскиот сектор, образовните институции, научни и социјални работници, детски градинки, отворени граѓански универзитети и граѓани да ги изнесат и презентираат своите видувања по однос на активностите кои општина Охрид треба да ги предвиди и спроведе во рамки на програмите за образование, детска и социјална заштита во текот на 2022 година. Имајќи ги во предвид општествените состојби на локално и национално ниво во поглед на потребите, ставовите но и предизвиците пред кои сите сме исправени, како неопходност се наметнува потребата од вклучување на релеватните чинители и заинтересирани граѓани во процесот на подготовка на програмите за работа на општина Охрид, соопштуваат од општина Охрид.

Додаваат дека можноста граѓаните и релевантните институции да учествуваат во процесот на донесување на одлуки на локално ниво претставува значајна активност и врвен приоритет на општина Охрид.

Трибината е со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука