Скопје/Охрид, 8. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Пролетниот распуст за учениците нема да има, најави денеска новата министерка за образование и наука Весна Јаневска.
Таа рече дека ваквата одлука е донесена согласно анкетите што се направени со родителите и постарите ученици.
– Нема да има пролетен распуст. Стручните анкети на родителите покажаа дека не сакаат, но и на повозрасните ученици, така што скедната година нема да има пауза на пролет, рече Весна Јаневска.
Пролетниот распуст беше применет за прв пат годинава. Одлуката на Министерството за образование и култура беше оваа пауза да биде 7 дена, односно од 29-ти април до 5-ти мај. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 4