јануари 31, 2022

Белград/Охрид, 31. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во вчерашното издание на српскиот весник Политика, директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски после две години прави осврт и споредба на движењето на туристичката индустрија од почетокот на пандемијата до сега.

При самиот почеток на пандемијата со Covid-19, Јаневски изјави за Политика дека треба да се гради заеднички, регионален пристап за да зацели туристичката индустрија. Две години подоцна, туризмот почнува да ги регистрира првите резултати и да закрепнува.

Јаневски вели дека развојот на туристичката индустрија се заснова на зелен турисзам, оносно еко-туризам и различни облизи на рурален туризам кој е огромен потенцијал за Балканот, кој треба да се промвира како една туристичка дестинација.

– Инфраструктурно поврзување е неопходно за засилување на регионот како туристичка дестинација. Има позитивна клима во односите на Република Македонија и Бугарија, а се работи и на воспоставување на авионска линија Софија-Скопје, која ќе вроди со плод и верувам дека за кратко ќе се наметне потребата од сезонска авионска линија Софија-Охрид, изјави Јаневски.

Туризмот гради мостови, вели тој и додава дека обсервацијата и промовирањето на регионот како туристичка дестинација ќе допринесе и иницијативата „Отворен Балкан“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука