мај 24, 2023

Охрид, 24. мај 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со информацијата дека излегува вода од препумпната станица кај „Горица 3“, истата е од водоводен дефект на кој веќе работат екипите на ЈП „Водовод“ од Охрид, информираат од ЈП „Колекторски систем“ – Скопје.

– Колекторскиот систем е целосно во функција и без разлика на временските услови, работи беспрекорно, стои во информацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука