ноември 4, 2023

Охрид, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со јубилеен концерт Културно уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид вечерва, сабота го одбележи јубилејот – 40 години постоење.

Концертот се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“, а бројната публика имаше можност да види дел од 40 години долгата традиција на негување на македонскиот фолклор на КУД „Отекс“.

– Задоволство и чест беше да се присуствува на целовечерниот свечен концерт со кој се одбележаа јубилејни 40 години од основањето на фолклорниот ансамбл „Отекс фолк“ од Охрид. Преку универзалниот јазик на орото и песната 40 лета овој ансамбал ја промовира нашата култура во Светот ширејќи мир помеѓу народите. Упатувам срдечни честитки до сите членови, играорци и музичари кои низ изминатите години биле чувари на нашата традиција и култура. Посакувам уште многу успешни генерации на ансамблот и уште многу успешни концерти и турнеи, порача пред присутните градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.

Друштвото во овој период има реализирано бројни настапи и турнеи надвор од земјата, каде има освоено вредни награди и признанија.

КУД „Отекс“ веќе четири децении успешно опстојува на сцената и останува вистински амбасадор на традиционалниот македонски фолклор во Република Македонија и надвор од неа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука