Јувентус – Интер: Битка за првото место во Серија А

Торино, 9. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот првак Јувентус вечерва ќе го дочека актуелниот лидер Интер во дербито на Италија во италијанската Серија А, но „старата дама“ има голем проблем за мечот за титула, затоа што првиот голман, легендарниот Џанлуиџи Буфон најверојатно нема да игра.

Тренерот на Јуветус, Масимилијано Алегри најави дека Буфон не е подготвен за дербито.

– Ќе видиме каква е состојбата со Џиџи, но најверојатно ќе мора да играме без него, изјавил Алегри.

Тренерот на Јуве, најавува претумбации во составот, најмногу и поради слабата форма на Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала, а по се изгледа Марио Манџукиќ ќе биде еден од адутот за победа.

Интер е прв со бод повеќе од Јувентус, а два од Наполи, но кормиларот на „старата дама“ не верува дека дербито вечерва ќе го решава првакот. (Крај)

извор: Спорт1.мк фото: архива

scroll to top