Јувентус повторно сам на врвот од Серија А

Калјари, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот шампион првак Јувентус го победи Калјари на гости со 0-2 и повторно има предност од седум бода во однос на екипата на Рома на врвот од табелата во Серија А.

Аргентинецот Гонзало Игуаин беше херој во триумфот, постигнувајќи ги двата гола за „старата дама“ во 37.минута и на самиот почеток од вториот дел.

Екипата на Калјари во продолжението од натпреварот остана и со играч помалку поради исклучувањето на Барелја, па Јуве лесно го приведе мечот до крај за нови три бода. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

scroll to top