февруари 21, 2015

Торино, 21. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Јувентус стигна до тешка победа од 2:1 над Аталанта во првиот натпревар од 24-то коло на Серија А.

„Бјанконерите“ одиграа релативно слаб натпревар, но среќата беше на нивна страна и тие сепак стигнаа до победата.

Гостите од Бергамо го отворија резултатот во 25-та минута преку Џулио Миљачо. До паузата Јуве сепак ги заврте работите во своја полза. Во 39-тата минута Фернандо Љоренте го израмни резултатот, а непосредно пред крајот на полувремето Андреа Пирло ја потврди победата за финалните 2:1. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука