јануари 21, 2017

Охрид/Струга, 21. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Југозападниот регион се наоѓа на третото место по потрошувачката по број на реализирани рецепти, со реализирани 2,475 милиони рецепти за кои се исплатени 279,9 милиони денари.

Граѓаните на Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод често трошат лекови на рецепт. Југозападниот регион е веднаш по скопскиот и пелагонискиот.

Македонските граѓани најмногу трошат лекови за крвен притисок, дијабет и за нервен систем.

Enalapril – лек за покачен крвен притисок, кој бил подигнат од 176.321 осигуреник или 9,5% од осигурениците на ФЗОМ, Metformin – лек за дијабет , за 91.471 осигуреник или 4,9% осигуреници и Diazepam – лек за нервен систем, за 216.024 осигуреници што претставува 11,7% од вкупниот просечн број на осигуреници на Фондот, се трите напотрошувани лекови во 2016 година, покажа статистиката на Фондот за Здравствено Осигурување на Македонија.

Во 2016 година, бројката на лекови на товар на Фондот достигна 1.210 лекови по заштитено име од различни производители, односно 427 генерики со фармацевтска дозажна форма и јачина од кои 75% се лекови за кои осигурениците не треба да плаќаат дополнителни средства, освен партиципација согласно законските прописи.

Овие лекови осигурениците ги подигнуваат со рецепт од матичен лекар, додека за некои од нив потребна е препорака од специјалист/субспецијалист. Осигурениците лековите во 2016 година можеа да ги подигнат во 776 аптеки на територија на цела Република Македонија, од кои 695 се аптеки, 72 аптекарски станици, 6 подвижни аптеки и 3 рурални аптеки.

Потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот преку аптеките бележи континуиран пораст во изминатите години. За споредба, ако во 2002 година за лекови се одвојувале 1,2 милијарди денари за осум милиони рецепти, во 2008 година се одвојувале 1,3 милијарда денари за 10 милиони рецепти, од 01.09.2016 година ФЗОМ го зголеми буџетот за лекови на 2,55 милијарди што е двојно повеќе средства за лекови на рецепт на товар на Фондот. Број на реализирани рецепти во 2016 година бил 22.274.288. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука