март 27, 2017

Сеул, 27. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – По барање на јавен обвинител, ќе биде уапсена поранешната претседателката на Јужна Кореја, Парк Гуен-хе.

Ваква мерка е преземена поради стравувањето дека доколку остане на слобода, би можела да ги уништи доказите кои ја докажуваат нејзината вина.

На почетокот на овој месец, 65 годишната Парк беше сменета од функцијата поради корупција и злоупотреба на службената положба. Во рамки на истрагата, минатата недела таа била на сослушување цели 14 часа.

Во фокусот на аферата е поранешната советничка на Парк, Чои Сон Сил, на која и се суди бидејќи благодарение на оваа функција, на големите компании им овозможила да заработат повеќе десетици милиони долари.

Поранешната претседателка е обвинета дека била соучесник во овие незаконски дејства.
Парк Гуен-хе е првиот демократски избран претседател на Јужна Кореа кој е симнат од функцијата.

Согласно тамошниот Устав, нови избори за претседател треба да се одржат во рок од 60 дена. (Крај)

извор: Макфакс    фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука