Јунајтед дојде до десеттата сезонска победа, Тотенхем падна на „Кинг Пауер“

Вотфорд, 29. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Два од шесте најсилни состави во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Тотенхем синоќа имаа натпревари, поточно гостувања кои завршија со сосема различен резултат.

„Црвените ѓаволи“ ги освоија трите бода против Вотфорд и тоа со триумф од 4-2. Веќе по 32 минути игра резултатот беше 0-3 и тоа откако два пати стрелаше Јанг и Марсијал.

До 77 минута немаше никакви промени по што на сцена стапија домаќините кои преку Дини и Докуре успеаа до 84 минута да се вратат во натпреварот.Меѓутоа четата на Мурињо најде начин да стави точка на трите бода и тоа преку Лингард.

Лестер со 2-1 пак го доби Тотенхем. Мајсторески голови во првиот дел дадоа Варди и Марез, па погодокот на Кејн во 79 минута не беше доволен за клубот од Лондон да го избегне третиот пораз во низа на гостински терен.

Останатите две средби завршија без победник: Брајтон-Палас 0-0 и ВБА-Њукасл 2-2. (Крај)

извор: Дерби.мк фото: архива

scroll to top