јануари 25, 2017

Охрид, 25. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“, Работна единица „Водовод“ Охрид, информираат дека дефектот на водоводната линија кој настанал вчера под Самоиловата Тврдина, е саниран.

Екипите синоќа работеле во исклучително тешки услови и непристапен терен.

Денес на истиот потисен цевовод ф160мм кој оди од пумпена станица Дрвара до резервоар Кале, се санира и други новонастанати дефекти.

Од претпријатието исто така ги известуваат сите правни лица дека мобилни екипи вршат исклучување од системот за водоснабдување на оние корисници кои имаат добиено претходна опомена пред исклучување, а не ги имаат подмирено сопствените обврски.

– Трошоците за исклучувањето и повторно приклучување, согласно Законските одредби, ќе ги сноси корисникот на услугата. МЈП-Проаква Р.Е.Водовод – Охрид ги известува сите правни и физички лица корисници на водоснабдителниот систем согласно Законските одредби дека нашите мобилни екипи вршат исклучување од системот за водоснабдување на оние корисници кои имаат извршено приклучување на водоводната и канализационата мрежа без одобрение за приклучок и вршат бесправно користење на вода, таканаречени диви приклучоци, објаснуваат од „Проаква“.

Исто така ќе се врши исклучување на канализациони мрежи кои се диви приклучоци, исклучување на станбени објекти кои бесправно користат вода од хидрантите за наводнување на паркови и зеленила и сите оние таканаречени диви приклучоци кои еднаш веќе биле исклучени од системот за водоснабдување, а повторно бесправно се вклучиле ќе бидат исклучени дирекно од главната линија со специјална механизација.

Се предупредуваат сите корисници на територијата на Општина Охрид редовно да ги плаќаат сметките за вода, а посебно тоа се однесува на корисниците од другите градови кои имаат свои викенд станови и куќи во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука