Ќе се избира најубаво новогодишно украсен двор или балкон

Охрид, 14. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По традиција и оваа година ќе се избира најубаво новогодишно  украсен двор или балкон во Охрид.

Општина Охрид го распиша конкурсот кој ќе трае до 28-ми декември, а заинтересираните граѓани можат да се пријават на шалтерот на архивата на Општина Охрид.

Комисијата формирана од градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од неколку критериуми. При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Ќе бидат доделени три парични награди во висина од 10 000, 6 000 и 4 000 денари.  Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

scroll to top