септември 23, 2021

Скопје, 23. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Основците и средношколците ќе бидат тестирани со брзи антигенски тестови.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека наскоро ќе биде објавена методологијата за скрининг на учениците во основните и средните училишта.

– Следните денови ќе се презентира методологијата за скрининг на учениците во основните и средните училишта. Факт е дека тука има одредена, многу мала, трансмисија, па ќе спроведеме скрининг бидејќи многу често децата се асимптоматски носители. Тестирањето ќе се прави во најголем број училишта. Методологијата ќе ја кажеме во следните денови, бидејќи бара согласност од родителите итн, рече Филипче.

Според последните податоци на Министерството за образование и наука добиени од училиштата, на дневна основа бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици, што, според министерството е исклучително низок процент. Вакциниран е над 72 отсто од наставниот кадар, што е речиси двојно повеќе од националниот просек. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука