април 4, 2017

Струга, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Битола, Џудо клубот „Дрим“ од Струга учествуваше на државното првенство за деца и кадети со 13 натпреварувачи, 5 во кадетска конкуренција и 8 во конкуренција на деца.

На ова државно првенство струшките спортисти беа доминантни, со освоени 10 медали, 3 за кадети и 7 за деца.

Со медали се закитија кадетите: Андреј Чакаровски – 90 кг. Злато, Христијан Тодев – 66 кг. Бронза и Андреј Симоноски – 50 кг. Бронза.

Во категоријата деца, најуспешни беа: Доријан Петкоски – 22 кг. Злато, Андреј Јовцески – 25 кг. Злато, Анамарија Стојмиловска – 24 кг. Злато, Герасим Кумбароски – 22 кг. Сребро, Вилијан Павлович – 46 кг. Сребро, Петар Дуноски – 25 кг. Бронза и Стефан Попоски – 46 кг. бронза.

Одличен настап забележаа и Божидар Донески, Христијан Глигороски и Александар Шилески, но не успеаа да се закитат со медали. (Крај)

извор: StrugaOnline фото: StrugaOnline

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука