февруари 17, 2022

Скопје, 17. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 3.513 тестирања, при што се регистрирани 1.117 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 575
• Велес 63
• Куманово 56
• Битола 54
• Кавадарци 44
• Струмица 38
• Кичево 33
• Тетово 32
• Прилеп 29
• Гостивар 24
• Охрид 20
• Радовиш 17
• Гевгелија 16
• Штип и Неготино по 15
• Кочани 12
• Струга и Дебар по 11
• Ресен 10
• Крива Паланка 9
• Кратово 5
• Свети Николе, Берово и Валандово по 4
• Делчево и Богданци по 3
• Виница, Пробиштип и Крушево по 2
• Демир Хисар, Демир Капија, Македонски Брод и Пехчево по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.117), регистрирани се 154 реинфекции. Од вкупниот број на починати лица, кај 21 лице се регистрирани коморбидитети. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 8 починати лица од Скопје (66, 75, 75, 76, 77, 81, 82 и 85 години), две починати лица од Битола (68 и 78 години) и по едно од Куманово (89 години), Прилеп (80 години), Виница (72 години) и Неготино (65 години). Од пријавените лица 13 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, дополнително се пријавени 8 починати лица од: Скопје (2), Штип (1), Радовиш (1), Битола (1), Тетово (1), Делчево (1) и Богданци (1). Починатите лица се на возраст од 66 до 86 години. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 15.02.2022 година. Од починатите лица, 4 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови.

Регистрирани сe 1.059 оздравени пациенти од:

• Скопје 735
• Куманово 70
• Битола 49
• Прилеп 36
• Тетово 31
• Охрид 23
• Гостивар 20
• Кичево 17
• Струга 14
• Штип 13
• Ресен и Радовиш по 9
• Кочани 8
• Струмица и Крива Паланка по 6
• Дебар и Демир Хисар по 4
• Делчево и Крушево по 2
• Валандово 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.859.233 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 290.915, бројот на оздравени пациенти е 273.243, на починати е 8.851, а бројот на активни случаи изнесува 8.821. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука