јануари 7, 2022

Скопје, 7. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа направени се 7.932 тестирања, при што се регистрирани 1.171 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 641
• Битола 134
• Охрид 54
• Прилеп 48
• Куманово 39
• Кавадарци 34
• Штип 33
• Гостивар 26
• Струмица 23
• Тетово 21
• Велес 20
• Крушево 16
• Кочани 14
• Гевгелија 13
• Кичево и Струга по 8
• Крива Паланка и Ресен по 6
• Виница 5
• Неготино и Пробиштип по 4
• Свети Николе и Берово по 3
• Демир Хисар и Дојран по 2
• Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод по 1

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69, 77, 84 и 91 година) и по едно починато лице од Битола (78 година) и Валандово (77 година). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, пријавени се 4 лица, по едно лице од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, починати во период од 16.12.2021 до 05.01.2022 година. Починатите се на возраст од 48 години до 83 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.

Регистрирани сe 204 оздравени пациенти од:

• Скопје 120
• Битола 23
• Гевгелија 9
• Ресен 8
• Прилеп и Кочани по 6
• Кавадарци и Велес по 5
• Куманово, Струга и Македонски Брод по 4
• Охрид 3
• Штип 2
• Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука